Се обидував да видам дали можам да ја погодам со телефонот, беше забавно, вели дечкото што ја повреди Бебе Реџа по глава

Познатата пејачка со албанско потекло Бебе Реџа имаше инцидент на својот настап во Њујорк. Некој од публиката фрли мобилен телефон во нејзин правец и ја удри главта, по што пејачката падна на колена. Веднаш ѝ беше укажана помош и има три конци на главата. Таа вчера се огласи на социјалните мрежи и рече дека се чувствува добро, а во таа прилика ги покажа и повредите кои ги имала од ударот. Николас Малавања (27)  набрзо бил приведен, а истрагата утврдила дека тој намерно го фрлил телефонот кон пејачката, пишува „Ролинг Стоун“.

Малавања се појави пред судот и беше обвинет по три точки за малтретирање од прв степен, малтретирање од втор степен и обид за напад од трет степен. Како што понатаму се наведува, освен што признал дека го фрлил телефонот, тој изнедадил и со својата изјава.

„Се обидував да видам дали можам да ја погодам со телефонот на крајот од концертот бидејќи тоа би било забавно“, рекол тој, пренесуваат споменатите медиуми.

Scroll to Top