Се омажи глумицата Џенифер Лоренс

Глумицата Џенифер Лоренс денес се омажи за својот вереник Кук Марони. Венчавката се одржа во луксузна вила на островот Роуд Ајленд. Церемонијата се одвивала во строга тајност.

На венчавката присуствувале околу 150 гости, а меѓу славните лица биле Ема Стоун, Крис Џенер, Камерон Дијаз, Адел, Сијена Милер и други. Многумина од нив пристигнале на имотот уште во петокот.

 

Лоренс носела венчален фустан од марката „Диор“, компанија на која глумицата е заштитно лице. Лоренс по венчавката објавила неколку фотографии на социјалните мрежи.

Глумицата се вери со Марони пред осум месеци. Тој работи како галерист, со уметнички дела, а со Лоренс се заедно уште од 2018 година. Пред Марони, таа беше во врска со режисерот Дарен Аронофски, музичарот Крис Мартин и актерот Николас Хулт.

 

Scroll to Top