Се омажи ќерката на Ана Винтур

Минатиот викенд во Њујорк се омажи Би Шефер, ќерката на уредничката на „Вог“, Ана Винтур. Нејзиниот сопруг, Франческо Карочини, е син на поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, Франка Сочани. Би и Франческо се запознале во октомври 2016 година, а се свршиле на почетокот на 2018 година.

Според американските медиуми, свадбата се одржала во домот на Винтур на Лонг Ајланд. На гостите им било забрането да користат мобилни телефони и да фотографираат. На венчавката присуствувала американската елита, луѓе од светот на модата, музичари, актери, политичари.

Scroll to Top