Глумецот Месон Гембл, кој глумеше во филмот „Палавиот Денис“, кој го одбележа детството на голем број генерации, се ожени и денес работи како биолог. Вели дека повеќе нема ништо со филмскиот живот.
Филмот е снимен 1993 година, а кога Гембл го глумеше неисплашеното, русокосо и симпатично дете, имал само шест години. Месон вели дека пораснал во семејство на актери и од мали нозе бил изложен на светлата на рефлекторите. Улогата ја добил откако бил избран како најдобар кандидат во конкуренција со уште 20.000 деца.
По оваа улога, Гембл глумел и во филмот Rushmore на Вес Андерсон и во трилерот Arlington Road. Сепак, најмногу ќе остане запаметен како Денис. Глумел и во серите Kate Brasher, CSI: Miami’ te ‘Close to Home’.