Се ожени Ед Ширан, скромна свадба со 40 гости

Ед Ширан се ожени во тајност, а дури сега веста излезе во во медиумите. Ед Ширан (28) се ожени со Шери Сиброн (26), една година по свршувачката. Свадбата била скромна и присуствувале само 40 најблиски роднини и пријатели.

Свадбата минала многу мирно и немало познати личности, ниту некаков кралски гламур. Направиле мала зимска свадба и не сакале присуство на медиумите на неа.

Наводно, планираат во лето да направат голема свадба за сите пријатели. Парот се заедно од 2015 година, а Ед ја запроси Шери во јануари 2018. Живеат во Лондон.

Инаку, Ед вели дека сака сè во неговиот живот да остане колку што може поприватно, па затоа не сака да дава интервјуа или да коментира за свадбата или за било што друго од неговата приватност.

Scroll to Top