Се ожени синот на Тони Кукоч, невестата сподели моменти од венчавката

Марин Кукоч, син на поранешниот кошаркар Тони Кукоч, минатиот викенд во Чикаго се ожени со својата долгогодишна девојка Марсела. Во приказните на Инстаграм, невестата покажа како изгледа нивната венчавка и му испрати емотивна порака на својот сопруг.

„Ти ветувам дека ќе те избирам тебе, секое изгрејсонце и зајдисонце, низ сите сезони од овој живот што ја имаме радоста и честа да ги поминеме заедно, во добро или во лошо, секогаш ќе те избирам само тебе. Те сакам, моја љубов“, пишува таа и објавила серија фотографии со гости.

Тони во април минатата година на социјалните мрежи откри дека неговиот син се свршил, а потоа и посака добредојде на Марсела во семејството.

Инаку, Марин е прво дете на Тони и Рената Кукоч, кои ја имаат и ќерката Стела. Тој играше кошарка како дете, но мораше да се откаже од неа поради низа повреди. Студиите ги завршил на еден од најпрестижните американски универзитети, Универзитетот во Пенсилванија, а живее и работи во Чикаго.

Scroll to Top