Пејачот Џастин Бибер им ги предаде бурмите на татка си Џереми и неговата сопруга Челзи Ребело. Тие се венчаа на плажата во Монтего Беј, Јамајка.
Челзи објави фотографија од венчавката, на која напиша: „Вчера беше најневеројатен ден. Се венчав со мојот најдобар пријател! Те сакам“.
Челзи и Џереми го очекуваат своето прво заедничко дете. Таа има две близначки од претходно, а Џереми го има Џастин.
На венчавката на татка си Џастин Бибер беше во друштво на својата девојка Селена Гомез.