„Се плашам од смртта. Избрав фустан за да бидам и тогаш убава“ – Шенон Доерти соочена со болеста

Американската актерка Шенон Доерти (49), која се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“, повеќе години се бори со ракот на дојката, а во последните неколку недели нејзината здравствена состојба се влоши.

Таа неодамна призна дека пишува писмо со кое ќе се збогува од своите најблиски, но и дека ќе сними видеопорака за своите пријатели и семејството, а кое да остане и по нејзината смрт. Таа исто така додала дека пронашла и песна што сака да ѝ ја свират за време на погребот.

Станува збор за популарната песна Tears in Heaven, а сега открила дека исто така избрала и облека во која сака да биде погребана.

„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан, кој го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во него се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во добро сеќавање“, изјавила Доерти.

„Во последните неколку месеци се трудам да ги поправам односите, да им се извинам на луѓето што сум ги повредила – свесно или несвесно. Настојувам да живеам и да уживам во тоа малку време колку што ми остана“, рекла актерката. И додала: „Се плашам, секако дека се плашам. Не знам што ме чека кога ќе го испуштам последниот здив и каде ќе отиде мојата душа. И, тажна сум, тажна сум затоа што нема да можам повеќе да ги видам моите пријатели, да се дружам со нив, да ги бакнувам и прегрнувам. Мора да прифатите да живеете со сите лоши и добри работи“.

Scroll to Top