Се подготвува мјузикл за Ејми Вајнхаус

Животот на пејачката Ејми Вајнхаус и нејзината смрт ќе бидат раскажани во мјузикл. Ејми почина во 2011 година на 27 години. Мјузиклот ќе вклучува песни од Ејми, меѓу кои и „Rehab“ и „Tears Dry On Their Own“, но и песни специјално компонирани за него.

Иницијатор за мјузиклот е нејзиниот татко, Мич.

„Сакаме да направиме нешто што ќе ја покаже суштината на Ејми. Има толку многу, покрај дрогата и алкохолот. Сакаме да прикажеме позитивна приказна за тоа како таа ја создаваше својата музика“, рече тој.

 

Scroll to Top