Се поизвесен разводот меѓу Дејвид и Викторија Бекам

Разделбата меѓу Дејвид и Викторија Бекам е се поизвесна, пренесуваат странските медиуми. Откако поранешниот фудбалер јавно откри дека бракот со Викторија за него претставува тешкотија, поранешната „спајсица“ два дена плачела, тврдат пријатели блиски до славната двојка.

„Кога сте долго во брак, тоа станува тешка работа. Работите стануваат комплицирани“, изјави Дејвид Бекам во своето интервју.

Близок пријател на славната двојка вели дека по ваквото интервју, Викторија била целосно емотивно скршена.

„Таа нема идеја зошто Бекам изнесе вакви чувствителни работи за нив во јавноста. Тоа за неа беше како во нивниот дом да експлодирала нуклеарна бомба“, открива близок пријател на Бекамови.

Истата личност навела дека Викторија по интервјуто со Бекам била скршена, па морала да посети едно специјализирано одмаралиште во Германија, наменето за воспоставување на емотивна рамнотежа.

Дејвид и Викторија Бекам се венчаа во 1999 година и имаат четири деца: Бруклин (19), Ромео (16), Круз (13) и Харпер (7).

 

Scroll to Top