Се породи Џенифер Лоренс, актерката за првпат стана мајка

Оскаровката Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Марони го добија своето прво дете. Засега тие не го открија полот на бебето, пренесе TMZ. Џенифер и Кук се заедно од 2018 година, а се венчаа една година подоцна тајно во луксузна вила.

На свечената церемонија присуствувале бројни познати лица како Крис Џенер, Адел и Ема Стоун. Тие наводно живеат во Њујорк, но често можат да се видат како шетаат низ Менхетен.

Шпекулациите  за бременоста на Џенифер се раширија уште минатото лето кога папараците ја снимија во Њујорк. Последен пат беше видена на премиерата на филмот на „Нетфликс“ „Не гледај горе“.

Таа беше во доцна бременост и тогаш не се знаеше кога ќе се породи. Таа на премиерата се појави во долг беж фустан покриен со златни бисери, а друштво ѝ правеше Леонардо ди Каприо.

Scroll to Top