Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо објави дека неговата свршеница Георгина Родригез се породи со близнаци, но едното бебе починало. Тој на твитер објави дека починал нивниот син, а дека девојчето е добро и им се заблагодари на лекарите за целата грижа.
„Со големо жалење мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да живееме во овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на докторите и на медицинските сестри за нивниот професионализам и грижа. Скршени сме од болка по оваа загуба и ве замолуваме за приватност во овие тешки моменти. Наше мало момченце, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, напиша фудбалерот.
Кристијано и Георгина во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартина, а заедно се грижат и за трите деца што Роналдо ги има од сурогат-мајка – Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) April 18, 2022