Се разведе актерот Џастин Хартли

Американскиот актер Џастин Хартли се разведе од ријалити ѕвездата Кришел Стаус, една и пол година откако поднесе барање за развод.

Ѕвездата на серијата „Ова сме ние“ поднесе документи за развод во ноември 2019 година. Неговата сопруга дозна за разводот во исто време во медиумите, и во реалнот шоу каде што учествува рече дека добила порака од Џастин само неколку минути пред веста да се појави на интернет.

„Сè беше нормално, немавме проблеми. Никогаш не сме зборувале за развод“, рече тогаш Кришел.

Според „Ти-ем-зи“, Џастин побарал со разводот да не ѝ даде воопшто пари на поранешната жена, а наводно не сакал ни да се поделат судските трошоци, туку секој да го плати својот дел.

Од неодамна, тој е во врска со Софија Пернас, со која глумеше заедно во „Млади и немирни“, а Кришел се гледа со Мео Мотсепе, кој настапуваше заедно со неа во шоуто „Танц со ѕвездите“.

Scroll to Top