Се разведовме и заминав на терапија, Џенифер Анистон откри детали за разделбата од Бред Пит

By

Холивудската актерка Џенифер Анистон во последната емисија на The Ellen Show откри како се чувствувала по разводот со актерот Бред Пит и како ја надминала оваа ситуација.

dobivaj vesti na viber

Кога Елен Деџенерис ја праша Џенифер како се чувствува за крајот на легендарената ситком серија „Пријатели“ во 2004 година, Џенифер рече: „Се разведов и отидов на терапија. И тогаш снимив филм наречен „Раскинување“. Се помирив со разводот. Само си помислив, нека биде ова ново поглавје. Ајде да завршиме сè и потоа да започнеме одново. Одлично функционираше“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Анистон со оваа изјава пренесе и порака колку е важно менталното здравје. Џенифер и Бред беа во брак од 2000 до 2005 година, кога Анџелина Џоли се појави во животот на Бред. Според медиумите, Џенифер и Бред денеска се во пријателски односи.

Актерката и се заблагодари на Елен со објава на социјалните мрежи за хуморот во нејзините емисии кој им е многу потребен на луѓето.


Ќе ви се допадне