Се разведува Алиша Силверстоун

По дваесет години заедно, од кои 13 години во брак, се разведуваат актерката Алиша Силверстоун и музичарот Кристофер Џарекија. Нивната одлука да му стават крај на бракот ги изненади сите, оти нивниот беше еден од најстабилните и најдолги бракови во Холивуд. Алиша и Кристофер го имаат синот Бир Блу кој има шест години.

„Тие и натаму се сакаат, се почитуваат и ќе останат блиски пријатели, но донесоа заедничка одлука да се разведат откако поминаа дваесет години заедно. Имаат син за кој и двајцата ќе се грижат“, изјави портпаролот на Силверстоун.

 

Scroll to Top