Се самоуби американски глумец

Американскиот глумец, режисер и сценарист Стен Криш се самоуби на 50-годишна возраст, пренесуваат американските медиуми. Веста за неговата смрт ја пренесоа вработените од неговото студио.

„Се случи голема трагедија. Го изгубивме Стен. Студиото ќе биде затворено за некое време, додека не откриеме што точно се случи. Ви благодариме за разбирањето и почитта што ја имате за нашата приватност во овој тежок период“, изјавиле од неговото студио.

Засега не се потврдени деталите за неговата смрт, иако некои американски медиуми пренесуваат дека Крис наводно извршил самоубиство и дека се обесил во неговиот дом.

Стен во светот на шоубизнисот влегол на четиринаесетгодишна возраст, кога добил улогата во реклама за супа. Подоцна следеле низа улоги во телевизиски серии.

Најпознат е по улогата на Ричи Рајан во серијата „Горштак“, која се емитуваше од 1992 до 1998 година. Обожавателите го паметат и од серијата „Пријатели“, каде го играше ликот на Итан, средношколецот кој се претставуваше како студент само за да ја заведе Моника, глумицата Кортни Кокс.

Scroll to Top