Кантри пејачот Даниел Ли Мартин, кој беше обвинет за неколку случаи на злоставување деца, се самоубил, пренесуваат американските медиуми. Тој се самоубил со огнено оружје во својата куќа на Флорида.
Печајот на крајот на јануари бил уапсен откако едно дете, чие име и пол не се објавени, им раскажало на родителите дека пејачот му го покажувал својот полов орган и фотографии од филмови за возрасни.
Пејачот има издадено повеќе албуми. Пред самоубиството не се изјаснил за обвинувањата.