Џошуа Корбет, мажот што со години ја прогонувал Сандра Булок и пробал да ја силува во 2014 година, се самоубил. Тој пред 4 години влегол во нејзината куќа со намера да ја силува. Судот го осудил на условна казна на пет години затвор. Судијата му одредил и мерка да се лекува во ментална установа, оти признал дека сакал да ја силува актераката.
Сандра, пак, се скрила во плакар и оттаму повикала полиција.
Според полицијата на Лос Анџелес, мртвото тело на Џошуа Корбет било најдено во неговата куќа во Ла Кресента пред неколку дена. Тие сакале да му достават судски налог, бидејќи ја прекршил условната казна, но мажот не ги пуштал внатре. По пет часа преговори со него, полицајците насилно влегле во куќата, но Корбет веќе бил мртов.