Поранешната мис на САД, Чесли Крајст, се самоуби на 30 години, потврди нејзиното семејство. Таа трагично го загуби животот кога вчера скокнала од прозорец на зграда во Њујорк, пренесе „Дејли мејл“
Триесетгодишната жена последен пат се огласи на „Инстаграм“ вчера, неколку часа пред смртта, со порака:
„Нека овој ден ви донесе одмор и мир“, напиша таа.
„Со голема тага ве известуваме дека нашата Чесли почина. Таа беше грижлива, сакаше, се смееше и блескаше. Ги инспирира луѓето во светот со својата убавина и сила. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност во овие тешки моменти“, изјави семејството.
Крајст работеше и како презентерка на американскиот канал Extra.
„Срцата ни се скршени. Таа не беше само дел од нашата програма. Ја сметавме за блиска пријателка“, велат нејзините колеги.
Крајст беше избрана за мис САД во 2019 година. Таа и уште три девојки – Нија Имани Френклин (мис Америка), Калиег Гарис (мис тинејџерка на САД) и Зозиби Тунзи (мис универзум) – станаа првата група манекенки со темна кожа што ги освоиле овие титули во една година.