Се самоуби познатиот готвач Ентони Бордејн

Познатиот готвач, кој патуваше по светот и имаше неколку свои емисии за готвење и за храната во светот, Ентони Бордејн, се самоуби, објави Си-ен-ен. Тој бил пронајден мртов во хотел во Франција каде што снимал нова епизода од популарното шоу Parts Unknown. Бордејн имаше 61 година.

„Со голема тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн“, соопшти телевизиската мрежа Си-ен-ен.

„Неговата љубов кон авантурите, новите пријателства, храната и пијалоците и неговите инзвонредни приказни од светот го направија уникатен раскажувач. Неговите таленти никогаш не престануваат да нè воодушевуваат. Ќе ни недостига многу. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во ова неверојатно тешко време“, пишува во соопштението на Си-ен-ен.

Бoрдејн беше господар на неговите занаети – прво во кујната и потоа во медиумите. Преку своите телевизиски емисии и книги тој ја истражуваше човечката состојба и ѝ помогна на публиката да размислува поинаку за храната, патувањето и за самите себе. Тој се залагаше за маргинализираното население и водеше кампања за побезбедни работни услови за рестораните. Во неговата кариера тој ја доби практично секоја награда што индустријата може да ја понуди.

Scroll to Top