Се самоуби синот на Тина Тарнер

Крег Рејмонд Тарнер, синот на пејачката Тина Тарнер, се самоуби во својот дом во Студио Сити, Калифорнија. Според полицијата, 59-годишниот Крег пукал во себе од огнено оружје. Тие потврдиле дека неговото тело било пронајдено вчера напладне, по пријава на соседите дека слушнале пукање во домот на Тарнер.

Крег беше најстариот син на познатата пејачка и на саксофонистот Рејмонд Хил. Тина го родила на 18 години, а потоа кога се омажила со Ајк Тарнер, тој го посвоил Крег како негов син.

 

Scroll to Top