Се самоуби „Зомби бој“

By

Рик Генест, моделот чие цело тело е покриено со тетоважи, почина во средата на 32-годишна возраст. Момчето кое доаѓа од Канада, познато под уметничкото име „Зомби бој“, се прослави во 2011 година во музичкиот спот на Лејди Гага, Born This Way.

Неговото тело било пронајдено утринава во неговиот стан во Монтреал, Канада. Лејди Гага, со која бил пријател, во својата објава на „Твитер“ открива дека Рик извршил самоубиство.

„Мораме многу посилно да работиме на тоа да се промени менталното здравје и да им се помогне на луѓето кои имаат проблеми. Ако сте депресивни, повикајте ги членовите на семејството и пријателите уште денес. Мораме да се чуваме едни со други“, порачала Лејди Гага.

Рик на 7 август требало да наполни 33 години. Својата прва тетоважа ја направил на 16 години, а до својата 19. година веќе целото тело му било покриено со тетоважи. Кога имал 15 години отстранет му е тумор од мозокот. Тогаш помислил дека ќе умре, а по тоа, како што изјавил, се заљубил во зомби и сакал да стане еден од нив.

Up to snuff 📷 @kevinmillet

A post shared by Zombie Boy (@zombieboyofficial) on

„Претпоставувам дека болеста во младоста ме поттикна да ме привлекува сè што е морбидно. Тогаш сфатив дека животот е прекраток за да не ги исполнам своите соништа за тетоважите“, изјавил Рик.

Со Лејди Гага почнал да се дружи откако нејзиниот стилист Никола Формичети го открил  на социјалните мрежи. Тој го повикал да соработуваат. Потоа снимил голем број модни кампањи за познати брендови.

Се појавил на модни ревии во Париз и ја красел насловната на списанието „Вог“. Се појавил и во бројни серијали и филмови, а меѓу другите и во „47 Ронин“ и „Немиот сведок“.

stand out from the crowd #zombieboy #zombieboyofficial

A post shared by Zombie Boy (@zombieboyofficial) on

Надимакот „Зомби бој“ му го дале пријателите, а поради тетоважите тој се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди. На телото има истетовирано 176 инсекти.

be your own kind of beautiful #zombieboy #zombieboyofficial

A post shared by Zombie Boy (@zombieboyofficial) on

Ќе ви се допадне

AnimeFreak watch anime free: The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 12

GoGoAnime gogoanime boku no hero: Dr. Stone Episode 24