Се сеќавате на Брендон од Беверли Хилс – денеска има 54 години, фановите забележуваат дека не се променил многу

Оние кои се малку постари добро се сеќаваат на серијата Беверли Хилс 90210, во 90-тите години. Една од ѕвездите на серијата беше Џејсон Пристли, актерот кој го отелотвори ликот на Брендон и стана тивка опсесија на тинејџерките ширум светот.

Канадскиот актер глумеше во хит серијата 10 години, а продолжи да глуми по нејзиното завршување во 2010 година, но никогаш не успеа да го надмине успехот што го постигна во тинејџерската серија.

Сега, по долго време, тој се појави во јавноста, на манифестацијата Cannes Series Pink Carpet, која вообичаено се одржува во рамките на престижниот филмски фестивал. Денеска 54-годишниот Џејсон им позираше на фотографите насмеан и расположен.

Многу фанови забележаа дека тој не се променил многу од неговите најславни денови. Инаку, актерот освои две номинации за Златен глобус за улогата на Брендон, а се испроба и како режисер во серијата, потпишувајќи дури 15 епизоди.

Пристли во 90-тите го привлече вниманието на јавноста со турбулентниот приватен живот.

Во 1998 година, тој удри со своето Порше во телефонски столб во Холивуд и беше уапсен поради возење во пијана состојба. Четири години подоцна, тој за време на трка удри со својот автомобил во ѕид и се здоби со сериозни физички повреди, од кои подоцна целосно се опорави.

Тој е во брак со шминкерката Наоми Лоуд-Пристли од 2005 година, а заедно ги имаат 16-годишната ќерка Ава и 14-годишниот син Дашиел.

Scroll to Top