Се смирија Џиџи Хадид и Зејн Малик

Помалку од два месеца откако објавија дека се разделуваат, Џиџи Хадид и Зејн Малик се повторно заедно. Папараците ги сликаа 23-годишниот модел и 25-годишниот пејач додека шетаа низ Њујорк.

Со јавниот бакнеж тие потврдија дека се повторно заедно. Џиџи и Зејн беа во врска две години пред да раскинат.

Освен фактот што се пак заедно, вниманието на јавноста го привлече и новата тетоважа на Зејн, нацртана на неговата глава.

Scroll to Top