Се тресе бракот на британскиот принц Едвард поради изјавите на неговата поранешна девојка

Се тресе бракот на најмладиот син на кралицата Елизабета, принцот Едвард, поради изјавите на неговата поранешна девојка во едно британско шоу.

Според пишувањата на магазинот New Idea, бракот на принцот Едвард и неговата сопруга Софи минува низ голема криза, а причината за тоа е неговата поранешна девојка Рути Хеншал, која одлучила да проговори за нивната романса во деведесеттите години.

53-годишната пејачка Рути во телевизиското шоу „Јас сум славна“ проговори за деталите од врската со британскиот принц во деведесеттите години.

Тогаш тие се гледаа во период од шест години прекинувајќи ја привремено нивната врска. Нејзиниот коментар во емисијата привлече големо внимание во јавноста.

Таа објаснила дека не сакајќи, предизвикала турбуленции во бракот на војвотката и војводата откривајќи на телевизија интимни детали од односот со принцот. Таа откри и дека двајцата воделе љубов во Бакингемската палата.

Овој нејзин коментар ја повредил сопругата на принцот, грофицата Софи, со која тој е во брак од 1999 година. Двајцата ги имаат 17-годишната Луис и 12-годишниот Џејмс.

 

Scroll to Top