„Сè уште сум заљубена во Рене“ – Селин Дион искрено за починатиот сопругот

By

Три години по смртта на сопругот Рене Анџели, светската ѕвезда Селион Дион првпат прозборе за него, но и за тоа дали е заљубена. Во интервју за емисијата Watch What Happens Live, таа искрено зборуваше за тоа што ѝ се случувало изминатите години и раскажа дека и понатаму секој ден го гледа пред себе ликот на починатиот маж. Рене освен што беше сопруг на Дион, тој ѝ беше и менаџер од почетокот на кариерата.

„Не се гледам со никого. Немам момче. Но, тоа не значи дека некогаш нема да запознаам маж што ќе ми се допадне. Ако се случи тоа, ќе биде одлично, а ако не, пак ќе биде добро. Јас сум и понатаму заљубена. Кога некого сакате толку многу колку што јас го сакам Рене, тогаш таа личност е секогаш со вас. Го гледам секој ден. Го гледам низ очите на моите деца. Среќна сум што имам три сина. Да, јас сум среќна жена“, рекла пејачката.

Селин веќе неколку години нема снимео нова песна и во интервјуто таа откри дека е време да ѝ се врати на музиката.

Ќе ви се допадне