Актерите Лиса Боне и Џејсон Мамоа и официјално се во брак. Тие направиле тајна венчавка во нивниот дом во Топанга, Калифорнија. Иако се веруваше дека се во брак од ноември 2007 година, тие се венчале овој октомври.
Ѕвездата на серијата „Шоуто на Козби“ и Кал Дрого од „Игра на тронови“ имаат две деца, десетгодишната Лола и осумгодишната Накота-Вулф.
Според американските медиуми, тие на 2 октомври побарале дозвола за брак во матичната служба на Лос Анџелес, а венчавката се случила неколку дена подоцна во присуство на мал број блиски роднини и пријатели.