Се вери Џастин Бибер

24-годишниот Џастин Бибер се вери со својата девојка Хејли Болдвин. Тој ја побарал манекенката за време на романтичниот одмор на Бахамите, пренесува TMZ. Џастин и Хејли биле во кратка врска во 2016 година, а ја обновиле пред еден скоро два месеца, откако Џастин раскина со Селена Гомез.

 

Родителите на Џастин на социјалните мрежи објавија постови за свршувачката на синот, со што ги потврдија шпекулациите на таблоидите.

Хејли е ќерка на глумецот Стивен Болдвин, најмладиот од браќата Болдвин, кои се исто така глумци – Даниел, Алек и Вилијам.

Scroll to Top