Кевин Федерлајн, Луцијана Баросо, Габриел Обри се само некои од имињата чиј живот се променил од корен на подобро, откако ги запознале своите партнери. Дел од нив го збогатиле своето финансиско конто и по разводот.
Кога ја запознал Бритни Спирс, Кевин Федерлајн работел како танчер и живеел во стан за кој плаќал кирија. По разводот од пејачката, чие богатство се проценува на милиони, Кевин успеал да добие старателство над децата, а неговата банковна сметка нагло пораснала. Добил и куќа во Малибу, која Бритни ја купила кога биле во брак.
Кевин Федерлајн
Луцијана Баросо работела како келнерка во еден бар. Долго време била принудена да работи по цела ноќ и да ги служи гостите кои кон неа нeкогаш знаеле да бидат агресивни. Животот ѝ се променил од корен во 2003 година, ноќта кога во еден бар го запознала Мет Дејмон. Две години подоцна таа се венчала со актерот.
Манекенот Гарбиел Обри кога бил сам немал големи ангажмани. Својот живот целосно му се променил кога ја оженил оскаровката Хали Бери. По пет години брак, следел бурен развод, од кој Габриел извлекол голема парична добивка. Актерката му исплаќа 16.000 долари месечно на контото за алиментација.
Кеш Варен работел како асистент на продуцентот во филмот „Фантастична четворка“. Откако почнал да излегува со Џесика Алба, една од главните актерки во филмот, животот му тргнал во нагорна линија. Денеска Варен е филмски продуцент и е во среќен брак со Џесика, со која има три деца.