„СЕДУМ ГОДИНИ МЕ МАЛТРЕТИРА“ – Светската ѕвезда проговори за односот со мажот на Ким Кардашијан

By
Тоа беше ексремен начин на злоставување на мојата личност – раскажа Амбер Роуз.Таа и Кање Вест врската ја завршија во 2010 година, а љубовта која траеше две години заврши на неславен начин.

Една од најпознатите старлети на светот, сега проговори за мажот на Ким Кардашијан, а нејзините зборови одекнаа низ сите светски медиуми.

 

„Никогаш во животот не сум го изневерила ниту некогаш сум рекла еден лош збор за Кање, што не може да се каже за него, кој седум години по раскинувањето сеуште ме малтретира“, изјави Амбер.

Како што вели, мажот на Ким Кардаршијан, целиот свој албум под името „My Beautiful Dark Twited Fantasy“, го посвети токму на неа.

„Тоа беше екстремен начин на злоставување на мојата личност. Имаше толкава моќ да на целиот албум каже се што мислел, а јас бев позната личност без пари и без можност да нешто кажам во своја одбрана затоа што Кање има неверојатна моќ во јавноста. Да сакав да се убијам, сигурно тоа би го направила“, раскажа Роуз.

 

 

Инаку, Амбер сега проговори за раперот затоа што тој во јавноста почна да зборува за нејзиниот син, кој го има со Виз Калифа.

Амбер во моментов е во врска со раперот познат под името „21 Savage“.

Ќе ви се допадне