Седум најсекси латиноубавици

Жените од Латинска Америка се познати по своите восхитувачки облини и сексапилот што предизвикува воздишки. Овие секс-бомби, како што ги нарекуваат мажите, имаат жежок темперамент и знаат како да го искористат својот сексапил.

 

Џенифер Лопез

48-годишната актерка и пејачка секогаш се гордеела со своето тело. Таа започна тренд што го прифатија жените во светот – да не се срамат од својот голем задник.

Шакира

Иако е неизмерно талентирана и убава, Шакира најмногу заведува со секси движењата на задникот, а кои се нејзин заштитен знак.

Џесика Алба

Актерката засекогаш ќе остане запаметена по танцот во филмот „Град на гревот“, кој предизвика многубројни воздишки.

Селма Хаек

Актерката и на 51 година изгледа совршено. Таа со години го привлекува вниманието на публиката со своето тело, но во прв план секогаш ѝ се градите.

Алесандра Амбросио

Бразилката и во 36. година е една од најбараните манекенки во светот. Пред нејзиниот сексапил не остана рамнодушна ни Тајра Бенкс, која своевремено изјави дека Амбросио е иднината на модниот свет.

Софија Вергара

Најплатената телевизиска актерка во светот се гордее со своето колумбиско потекло. Не се ни обидува да го скрие акцентот додека зборува, но ни градите, што ги смета за свој најголем адут.

Ева Мендес

Рекламите на Ева Мендес за парфемот „Сикрет опсешн“ на Келвин Клајн беа забранети во Америка бидејќи беа оценети како премногу провокативни. А провокативноста потекна токму од сексапилната Ева.

Scroll to Top