Сектата на Том Круз ги избрка сите негови жени

Не се знае дали е почудна врската на Том Круз со сциентологијата или со жените со кои бил во брак. Сите морало да се покорат на страшните правила што им биле наметнати. Не е ни чудно што веќе подолг период е сам.

Мими Роџерс го вовела Том во сциентологијата и го навела да оди на советување. Тоа значи дека квалификуваната личност од сциентолошката црква ѝ поставува прашања на двојката и предлага методи на помирување со блиското учење на таа црква. Подоцна на истото вакво советување морало да одат и Никол Кидман и Кејти Холмс.

Остануваш во брак до 33. година

Том Круз и Никол Кидман биле во брак 11 години. И двајцата во јавноста не говореле премногу за причинте за разводот. Се разведоа во 2001 година кога Никол имала 33 години. Том и од Мими Роџерс се развел кога таа наполнила 33 години, иако е шест години помлад од неа. И Кејти Холмс имала 33 години кога во 2012 година се разведоа.

Без антидепресиви за постпартална депресија

Том јавно ја критикувал Брук Шилдс, која поради постпарталната депресија, земала антидепресиви. Тој тврди дека жените што боледуваат од тоа треба само да земаат витамини, а забележано е дека ѝ рекол и:

„Вие не ја знаете историјата на психијатријата. Јас ја знам“.

Без психијатар 

Том Круз не верува во психијатри. Всушност, се работи за доктирна на сциентолог со кој бил речиси 30 години. А бидејќи Том не верувал во психијатријата, неговите жени не барале помош ако имале потреба од тоа.

Породување во тишина

Том побарал од Кејти Холмс да се породи во целосна тишина кога ја раѓала малата Сури. Сциентолозите веруваат дека гласните звуци во текот на породувањето може да го трауматизираат бебето.

Во случај на развод, без ново момче пет години

За време на разводот од Кејти Холмс се прошири информацијата дека на актерката ѝ било забрането да се гледа со кој било маж во следните пет години, но и на секое нејзино момче во тој период му било забрането да им се приближува на Том и на неговата ќерка Сури.

 

Scroll to Top