Популарната пејачка Селена Гомез била сликана на љубовен состанок со кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер.
Откога минатиот месец ги виделе на вечера во францускиот ресторан „Лусиен“ во њујоршкиот Ист Вилиџ, светските медиуми и социјалните мрежи објавијле за новата романса помеѓу пејачката и кошаркарот.
„Дефинитивно, изгледаа како да биле на состанок“, рекле очевидци, а пренесува Page Six.
Батлер пред Селена бил во врска со моделот Кејтлин Новак со кого ја има и едногодишната ќерка Рајли. Се чини дека поранешните партнери останале во добри односи и по раскинувањето бидејќи Кејтлин била видена во септември како го слави пласирањето на тимот на Батлер во финалето на НБА.
Селена пред два месеца изјавила дека пандемијата на коронавирусот целосно ѝ го запрела љубовниот живот.
Да потсетиме, таа неодамна се забавуваше со својот колега Ник Џонас. Претохдно, со години беше во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а после тоа, била видена заедно со раперот The Weeknd.