Селин Дион не може да стане од кревет, велат нејзини блиски откако пејачката ги откажа концертите

Познатата пејачка Селин Дион веќе извесно време има здравствени проблеми, а сега наводно не може да стане од кревет или да се движи.
Таа ги откажа најавените концерти во октомври, а неодамна одложи уште неколку, што загрижи многу обожаватели. Сега се чини дека здравствената состојба на 54-годишната музичка ѕвезда е сериозна. Дион со месеци се бори со силни и долготрајни грчеви во мускулите, а сега нејзината пријателка проговори за нејзината здравствена состојба, пренесува „News.in“.
Според неа, Селин не може да стане од кревет или да оди поради силните и парализирачки болки во нозете и стапалата.
Исто така додава дека Дион ослабела многу и дека и е тешко да се грижи за синовите, близнаците Еди и Нелсон.

Scroll to Top