Селин Дион со концерт ќе се прости од мајка ѝ

Селин Дион со вечерашниот концерт ќе се прости од нејзината почината мајка Тереза Дион. Мајката на славната пејачка почина во петокот во нејзиниот дом на 92 годишна возраст.

Причината за нејзината смрт засега не е позната, но Клодет, постарата сестра на Селин, минатата година изјавила дека таа се соочува со тешки здравствени проблеми. Го губела памтењето, а видот и слухот и се влошувале од ден за ден, пренесува „Њујорк пост“.

Терез Дион и нејзиниот сопруг, оставија бројно потомство, 13 браќа и сестри.

„Мамо толку те сакам. Вечерашниот концерт ќе ти го посветам на тебе и ќе пеам со целото мое срце“, напишала пејачка на социјалните мрежи.

Терез Дион покрај тоа што беше позната како мајка на Селин, таа беше позната и по нејзината емисија за готвење која се емитуваше на француската телевизија ТВА, се до 2002 година.

Има основано и фондација „Мама Дион“, која на почетокот на школската година им дава школска опрема и облека на децата на кои им е потребна.

Scroll to Top