Селма Блер: Заради Мајкл не се борам сама со неизлечливата болест

Актерката Селма Блер, која боледува од мултипла склероза, вели дека глумецот Мајкл Џеј Фокс ѝ е многу голема поддршка во борбата со неизлечливата болест. „Заради него не се чувствувам сама“, откри глумицата во едно скорешно интервју. Таа неодамна објави заедничка слика и се пофали дека се дружат, но и дека си помагаат еден на друг.

„Ни вие не можете да поверувате нели?“ напиша Селма покрај сликата на „Инстаграм“, па доби поддршка и од своите следбеници. Глумицата освен со Фокс, се дружеше и со неговата сопруга Трејси Полан и со ѕвездата на филмот „Валканиот танц“, Џенифер Греј.

Дека боледува од неизлечлива болест Блер објави лани во октомври. Таа тогаш рече дека не знае како да се справи со се што ѝ се случува. Преку пријатели ја нашла меил адресата од популарниот глумец, кому во 1990те години му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и му пишала. Мајкл ѝ одговорил, и тогаш првпат договориле средба.

„Му напишав: не можам да ги контролирам рацете, ми паќаат работи, правам чудни нешта. Не знам кому да му кажам, а да ме разбере. Си помислив, дури и да не се сретнеме никогаш, ја имам меил адресата на Мајкл. Нели е тоа кул“, раскажала Селма во емисијата „Добро утро Америка“.

Сепак, глумецот не само што дошол да ја види, туку и ѝ давал совети како полесно да се соочи со болеста и како да се избори со тоа што ѝ се случува.

„Ми се допаѓа овој човек. Не само што е ѕвезда, сега можам да го наречам вистински пријател заради кој секој ден со болеста ми е малку полесен“, додала таа.

Scroll to Top