Една од јавните личности кои се вистински потресени од оваа вест е актерката Селма Хаек бидејќи станува збор за нејзината родна земја.
Убавата актерка се огласи преку социјалните мрежи велејќи дека донирала 100.000 долари и замоли сите кои се во можност да им помогнат на луѓето погодени од несреќата.
„Луѓето од мојата земја преживеаја три природни катастрофи по ред. Многу деца и семејства се повредени. Јас дадов 100.000 долари од УНИЦЕФ, кои им стигнаа на помош. Ве молам да се приклучите и да донирате колку што можете. Ви благодарам“, напиша таа под снимката што ја постави на Инстаграм.