Музиќката ѕвезда Сем Смит ужива во Њујорк со своето момче моден дизајнер Кристијан Кауан пред Денот на вљубените.
Двојката е видена на романтична прошетка, како се држат за раце и разменуваат насмевки.
На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот раскинал. Сепак, се покажа дека се работи за лажни информации, а парот се уште ужива во својата љубов.
„Не сум ниту машко ниту женско, некаде сум помеѓу“, објавено е на Инстаграм профилот на Сем.