Семејството ме одржа во живот, рече Алек Болдвин по несреќата на снимањето

Актерот Алек Болдвин рече дека по несреќата на снимањето на филмот „’Рѓа“, единствено што го одржало во живот е неговото семејство. Тој им се заблагодари и рече дека единствената причина поради која тој денес е жив, се неговата сопруга и деца.

„Во изминатите години моето срце беше скршено многупати. Работите никогаш нема да бидат исти како порано. Дојдоа многу промени. Но, моето семејство е тоа кое ме одржа во живот. Тие се причината да продолжам“, рече Болдвин.

Актерот објави и неколку фотографии со децата Кармен, Рафаел, Леонардо, Ромео, Едуардо и Луциа. „Сите се родени во иста болница. Првите четири и во иста просторија“, рече Болдвин, кој со Хиларија објави дека го чекаат и седмото дете, девојче Иларија Каталина Ирена.

„Возбудени сме што ќе ве запознаеме со остварувањето на нашиот мал сон и сите чекаат да ѝ посакаат добредојде“, напишаа тие. Иларија е италијанско име и значи весела, додека Каталина и Ирена се шпански кои значат чистота и мир.

За актерот ова е осмо дете, а најстарата ќерка Ајрелнд Болдвин ја доби во брак со актерката Ким Бесинџер со која беше во брак девет години пред да се разведат во 2002 година.

За потсетување, Алек минатата година за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико ја застрела снимателката Халина Хачинс.

Scroll to Top