Вдовицата на Боб Сагет, новинарката и глумица Кели Ризо и неговите три ќерки поднесоа тужба и бараат да се отвори истрага за да се утврдат вистинските причини за неговата смрт. Тие сакаат да се запре со објавување на сите информации и шпекулации поврзани со него, пишува „Си-ен-ен“.
Заради начинот на кои го прикажуваат покојниот глумец, тие побараа и да се прекине со објавување на истражните записи поврзани со трагичниот настан. Тврдат дека со објавувањето на ваквите информации семејството трпи душевна и емоционална болка.
Нивниот адвокат рече дека забраната е поднесена за да спречи во иднина да се објавуваат записите од истрагата за смртта на Сагет.
„Треба да бидат објавени сите факти од истрагата, а материјалите треба да останат приватни од почит кон господинот Сагет и неговото семејство“, рече тој.
Семејството поднесе тужба и откако во јавноста излегоа инфомации и теории на заговор за неговата смрт. Откако минатата недела објавија дека глумецот починал од поледица на повреда на главата која претходно не ја забележал, во јавноста се огласија и вештаци и медицински експерти кои тврдат дека станува збор за многу посилен удар отколку што е забележано во официјалната верзија.