Семејството на Силвестер Сталоне сними реално шоу по теркот на Кардашијан

Американскиот глумец Силвестер Сталоне и членовите на неговото семејство снимија реално шоу „Семејството Сталоне“, што ќе почне да се емитува оваа пролет на „Парамаунт плус“. Шоуто по теркот на Кардашијан ќе има осум епизоди, а освен глумецот ќе се појават и неговата сопруга Џенифер Флавин и нивните три ќерки – Систин (26), Софија (24) и Скарлет (20).

Дополнително, тие објавија и рекламен спот во кој се прикажани актерот и неговите ќерки, како се качуваат на „планината на забавата“.

Сталоне и Флавин се венчаа 1997 година. Иако важеа за еден од најскладните парови во Холивуд, лани во август најавија дека ќе се разведат. Еден месец подоцна, тие јавно кажаа дека ги надминале брачните проблеми и го прекинаа разводниот процес.

Тогаш Сталоне објави фотографија на која двојката се држи за раце, со што даде знак дека повторно се заедно со сопругата.

Scroll to Top