Сер Алекс Фергусон паднал во кома

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед и најтрофеен менаџер во Премиер лигата, Сер Алекс Фергусон се наоѓа во критична состојба откако вчера беше опериран по мозочниот удар. Последните информации од Англија се дека Фергусон моментално е во кома.

Близок пријател на семејството за медиумите изјавил дека не се сигурни дали Алекс ќе успее да преживее.

„Сите се обидуваат да останат оптимисти. Се надеваат дека борбениот дух на Ферги уште еднаш ќе ја добие битката. Фудбалскиот свет е изненаден и погоден, Фергусон беше со добро здравје, полн со сила и елан, а вчера следеше шок за сите“, изјавил пријателот за „Гардијан“.

 

 

Scroll to Top