Серена во бели патики на сопствената свадба

Тенисерката Серена Вилијамс и нејзиниот свршеник Алексис Оханијан се венчаа во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс. Серена забранила користење мобилни телелфони на нејзината свадба, а гостите не смееле да објавуваат фотографии од забавата.

Сепак, папараците успеаја да ги сликаат Серена и Алексис. Невестата била облечена во бел светкав фустан од „Валентино“ и носела бели најк патики. Коментарите на нејзините обожаватели се дека и не очекувале да ја видат во високи потпетици.

Scroll to Top