Сестрата на Меган Маркл до неодамна тврдела дека сака да се смири со својата сестра, но се чини дека сега Саманта Маркл го променила мислењето.
Во серијата објави на Твитер, таа ги навредувала членовите на кралското семејство, како и мајката на Меган, Дорија Маркл, пишува британски Мирор.
На Твитер таа прво го споделила линкот со сатиричната приказна во која пишува дека пријателите на Меган се ставени да седат со болни хабсбуршки роднини.
„Тие се како семејството Адамс, само со милијарда долари“, напишала Саманта.
Wowwww, #SamanthaMarkle is a sick evil person!!!! She copies Meghan by dyeing her hair. She brought up Diana’s accident when talking about her father being harassed by paparazzi, and now she’s attempting to copy it for attention. That’s so f*cking sick!!! https://t.co/ChRCpxEubk
— Anita Belén🇨🇺 (@CubaEnElCorazon) 17 May 2018
Потоа својот гнев го насочила кон мајката на Меган, која за кралската венчавка, седела сама на клупа.
„Не мисалм дека го украла целото внимание. Мене ми изгледа како хокејаш во боксот за казна“, напишала таа.
Саманта која до неодамна го користеле презимето Грант, е позната по критиките кои ги носела на сметка на нејзината помлада сестра, а нејзината мајка Дорија ја обвинила дека ја искористила венчавката на ќерка и за да се збогати.
Корисниците на социјалните мрежи остро реагирале на изјавите на сестрата на Меган Маркл.
Can the media stop helping #SamanthaMarkle on her quest for fame? She is a bitter thundercunt of a woman that needs to wheel away.
— Todd (@teeodubbledee) 16 May 2018
Сметаат дека таа ја искористува новата положба на својата сестра, за своја промоција. Во некои од коментарите може да се забележат и молби до медиумите да не и даваат премногу простор за тоа.