Серија со спортски игри е првиот ТВ-проект на Хари и Меган на „Нетфликс“

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган го најавија својот прв проект од нивниот мултимилионски договор со „Нетфликс“. Тие ќе учествуваат во производството на серија што ќе се занимава со натпреварувачите на спортските игри „Инвиктус“ за ранети ветерани во Хаг 2022 година.

Принцот Хари ќе се појави лично во документарната серија „Heart of Invictus“, но тој ќе учествува и во нејзиното производство како извршен продуцент преку продуцентската куќа „Archewell Production“s, објави „Нетфликс“ во соопштението.

Документарната серија ќе ги прикаже приказните за спортистите и организаторите кои се подготвуваат да се натпреваруваат на игрите „Инвиктус“, кои се одложени за следната пролет поради пандемијата на коронавирус.

„Нетфликс“ објави дека серијата ќе ја режира Орландо фон Ајнсидел, додека Џоана Натасегара ќе биде продуцент, а станува збор за дуо кое доби Оскар за краткиот документарец „Бела кацига“.

Игрите „Инвиктус“ се организираат за ранетите војници кои се натпреваруваат во повеќе спортови, а ги основал самиот принц Хари во 2017 година, кој служел војска во Авганистан.

Scroll to Top