Серијата „Слуга на народот“, во која Зеленски го глуми украинскиот претседател, повторно се прикажува на „Нетфликс“

Сатиричната хумористична серија од 2015 година, „Слуга на народот“, во која глуми сегашниот украински претседател Володимир Зеленски, повторно се прикажува на „Нетфликс“.

„Баравте и ја вративме“, напишаа од „Нетфликс“ на „Твитер“ во средата.

„Слуга на народот“ го следи учителот кој неочекувано ќе стане претседател откако ќе види како корупцијата во земјата станува вирална. Серијата има три сезони и првпат беше прикажана во Украина во 2015 година.

Зеленски ќе победи убедливо собирајќи повеќе од 73% од гласовите и ќе стане претседател на Украина. Од почетокот на руската инвазија во земјата, телевизиските куќи како британски Канал 4, грчката ANT-1-а и романската PRO TV исто така побрзаа да ги откупат правата за прикажување.

Мала агенција во Стокхлом во изминатите денови беше преплавена со понуди за откуп на телевизиската серија.

„Имаме многу работа. Од целиот свет луѓето ни ги бараат правата за прикажување“, рече косопственикот на Echho Rihgts, Никола Содерленд.

Scroll to Top