Сестрата на британскиот музичар Фреди Меркјури, Кашмира Булсар, потроши три милиони фунти за да ги добие личните работи на покојниот пејач, откако неговата поранешна партнерка Мери Остин ги стави на аукција.
Како што објавува „Дејли меил“, откако дознала дека Мери ги ставила на продажба некои од сеќавањата на Фреди, неговата сестра Кашмира наводно била скршена од болка и решена да ги задржи во семејството.
Лута и вознемирена што толку многу работи на нејзиниот брат станале достапни за сите, таа и нејзиниот син Џамал Зук решиле да учествуваат во aukcijata и да платат за работите на ѕвездата од „Квин“, останувајќи анонимни за да не ја известат Мери.
Таа отиде на приватно разгледување за да ги види предметите на продажба, а потоа го испрати својот личен асистент во „Сотби“ во свое име, додека таа го гледаше емитувањето преку интернет и ѝ кажа на својата асистентка колку да понуди.
Се тврди дека меѓу предметите што ги купилa бил елек од 139.700 фунти со слики од шесте мачки на Фреди, кој тој го носел во музичкото видео за „These Are The Days Of Our Lives“, само шест месеци пред неговата смрт. Исто така, дека платила 406.400 фунти за џубокс „Wurlitzer Model 850“ и 279.400 фунти за осум страници со текст од песната „Killer Queen“ од 1974 година. Таа потрошила најмногу пари за воена јакна направена за 39-тиот роденден на нејзиниот брат, издвојувајќи 457.200 фунти.
Други предмети што биле побарани биле ламба направена од вазна „Daum Persimons“ вредна 22.860 фунти, дуксер „Nike“ вредen 40.640 фунти и кофа за коцки мраз за 19.000 фунти.
Мери претходно продаде повеќе од 1.400 предмети на Фреди за вкупно 12.172.290 фунти на аукција организирана од „Сотби“ во септември 2023 година.