Шакира бара дадилка за синовите, пејачката нуди плата од 2. 400 долари и договор за доверливост

Колумбиската пејачка Шакира бара дадилка за нејзините два сина, откако пејачката ја прекина врската со нејзиниот партнер Пике и се пресели во Мајами.

Како што сега пишуваат странските медиуми, пејачката наводно очајно ја бара и не може да ја најде токму таа што ја сака.

Шакира сака да вработи нова дадилка која ќе и помага во грижата за нејзините деца во наредните недели, а наводно нуди плата од 2.400 долари.

Сепак, не се наведува дали дадилката ќе заработува толку неделно или месечно. Медиумите додаваат дека пејачката ќе ги плати и сите патни трошоци на жената која ќе и помогне околу синовите, а таа ќе живее во нејзината вила проценета на 11,6 милиони долари.

Таа очекува идната дадилка на нејзините деца, да нема никаква врска со медиумскиот свет и да потпише договор за доверливост. Тоа значи дека личноста која ќе живее во нејзиниот дом и ќе поминува време со семејството нема да смее никому да каже ни збор за својата приватност, а ваквите договори се вообичаени во светот на познатите.

 

Scroll to Top