Шакира е една од последните кои ги продадоа правата за своите песни

Колумбиската латино-дива Шакира е една од последните во низа музичари кои ги продадоа авторските права на своите остварувања, и тоа за мултимилионски суми.

Сите свои 145 песни, вклучувајќи ги и хитовите „Hips Don’t Lie“, „Whenever, Wherever“ и „She Wolf“, таа ги продаде на „Hipgnosis Song“ фондот, кој неодамна ја откупи и музиката на Блонди и Нил Јанг.

Ова се песните кои Шакира ја направија латино-пејачка со најголем број продадени албуми – повеќе од 80 милиони ширум светот.

Британската компанија „Hipgnosis Songs Fund Limited“ купи 100% од правата за објавување на музиката на колумбиската пејачка. Од „Hipgnosis Song“ не сакаа да откријат колкава сума ѝ исплатиле на Шакира за сите нејзини песни, но обично во тие случаи на уметникот му се дава еквивален на тоа што би го заработил во првите 15 години. Продадени се 145 песни, објави компанијата.

„Да се ​​биде текстописец е достигнување што го сметам за еднакво, а можеби дури и поголемо од тоа да се биде пејач и уметник. Секоја песна е одраз на личноста во која бев во моментот кога ја напишав, но кога ќе ја види светлината на денот, таа не припаѓа само на мене, туку и на оние што ја сакаат“, рече Шакира во изјавата, додавајќи дека ѝ е чест што може да комуницира со други.

Шакира го издала својот прв албум во 1991 година кога имала 13 години, а светската слава ја стекна со нејзиниот трет албум „Pies Descalzos“ во 1995 година.

Добитник е на многу престижни награди, вклучувајќи и три Греми награди,  а притоа има продадено вкупно 80 милиони албуми.

Scroll to Top