Шакира гради ѕид околу куќата за да им забрани пристап на родителите на Пике

Пејачката Шакира гради ѕид околу нејзината куќа во Шпанија, за да им забрани пристап на родителите на нејзиниот поранешен партнер Пике, пренесува шпанска „Marca“. Таа вели дека тие повеќе не ѝ се семејство.

Според „Марка“, пејачката не сака да го дели просторот со нив. Тие досега живееја во куќата до нејзината и на Пике. Двете куќи се поврзани, а сега Шакира сака да ги оддели и да забрани било каков пристап до нејзината.

Куќите се наоѓаат во општината Есплугуес де Лобрегат, која се наоѓа во Барселона во Шпанија. Новинарката Лора Фе, во својот видеопоткаст со Лорен Вазкез, ја потврди информацијата.

„Шакира сериозно ја свати целата работа. Таа повеќе не ги смета родителите на Пике за нејзино семејство и сака да ги подели заедничките делови“, рече Лора.

Scroll to Top